📽 НОВО ТВРДЕЊЕ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПАДОТ НА АЗЕРБЕЈЏАНСКИОТ АВИОН Погледајте ги дупките на трупот на авионот

Експертите кои ја анализираа снимката од остатоците велат дека трагите на опашката на авионот се слични на последиците од ударот на противвоздушните ракети.

3,000

Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што вчера се урна на пат кон Русија можеби е соборен од руска ракета земја-воздух, според извештаите на дел од руските и европските медиуми.

Експертите кои ја анализираа снимката од остатоците велат дека трагите на опашката на авионот се слични на последиците од ударот на противвоздушните ракети. Тие тврдат дека експлозијата не се случила во внатрешноста на леталото, туку дека оштетувањето на трупот на авионот укажува на експлозија на ракета од системот за противвоздушна одбрана во близина на леталото.






– Ова се совпаѓа и со изјавите на преживеаните патници дека слушнале експлозија и забележале оштетување на трупот на авионот додека се приближувале до рускиот град Грозни, дестинацијата на летот, пренесува Еуроњуз.

Руските медиумите Медуза и Медиазона исто така цитираа проруски канали на Телеграм, кои објавија фотографии од падот што укажуваат на соборување на авионот.

Патниците опишаа звуци слични на ударот на шрапнелот, што дополнително ги подгреа шпекулациите за причината за несреќата.

 

Првичните тврдења на официјалните лица сугерираа дека судирот со птицата предизвикал експлозија на боца со кислород во кабината. Сепак, новите докази, вклучувајќи фотографии и видеа, ја доведоа оваа теорија во прашање, отворајќи ја можноста за саботажа или надворешен напад.

Вчера и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев посочи дека постојат повеќе теории за падот на авионот „Ембраер 190“, но дека не може со сигурност да каже што се случило.

-Задачата на комисијата е целосно да го истражи случајот, да ги испита причините за несреќата и сите нејзини детали и да обезбеди информации и мене и на азербејџанската јавност. Според информациите што ги добив, авионот АЗАЛ, кој летал на релација Баку-Грозни, поради влошување на временските услови го променил правецот и се упатил кон аеродромот во Актау, каде што се урнал при слетувањето. На социјалните мрежи има и видеа дека се достапни за јавноста и секој може да ги погледне, сепак, сè уште не ги знаеме причините за несреќата, но мислам дека е прерано да се разговара за нив – рече Алиев.

Обвинителството покрена кривична постапка.

Авионот, кој превезувал патници од Баку, Азербејџан до Грозни, Чеченска Република, Русија, вчера се сруши во близина на крајбрежниот град Актау, Казахстан. Во авионот имало 67 патници и 5 членови на екипажот. За чудо, повеќе од 30 луѓе ја преживеаја несреќата. Екипажот повикал помош во 7.40 часот по московско време по силен удар на трупот. Пилотите успеале да ги избегнат населените места пред да се случи катастрофата. Во авионот имало 42 државјани на Азербејџан, 16 Руси, шест Казахстанци и тројца Киргистанци.

Според последните информации, во несреќата загинале 38 лица.

Поврзани содржини