ЕХОЛАЛИЈАТА Е ЕДЕН ОД ЗНАЦИТЕ НА АУТИЗМОТ До тригодишна возраст повторувањето зборови и фрази е нормално, потоа – сигнал за тревога

Овој феномен обично спонтано исчезнува до третата година од животот. Сепак, треба да се обрне внимание бидејќи понекогаш може да укаже на доцнење во развојот или присуство на друга основна состојба.

523

Ехолалија (ехофразија) е повторување на зборови или фрази изговорени од некој друг. Децата најчесто користат ехолалија кога учат како да комуницираат со други луѓе, но и во игра, имитирајќи ги звуците околу себе.

Овој феномен обично спонтано исчезнува до третата година од животот. Сепак, треба да се обрне внимание бидејќи понекогаш може да укаже на доцнење во развојот или присуство на друга основна состојба.






Доколку ехолалијата не исчезне, продолжи подоцна или се појави во зрелоста, тоа секако е сигнал за тревога и проверка на невролошкото здравје и општата состојба.

Инаку, ехолалијата е чест придружник на нарушувања од спектарот на аутизмот, како и на Туретов синдром.

Кога детето прозборува, тоа често повторува зборови без прашање или претходна интеракција. Понекогаш, сепак, може да повторува зборови од прашањата што му се поставуваат, па не дава конкретен одговор (да или не) на јасно прашање.

На пример, ако му се понуди играчка и ако го прашаме дали ја сака, детето одговара со повторување „играчка, играчка“, наместо да даде потврден или негативен одговор.

Во овој случај станува збор за непосредна ехолалија, а има повеќе видови. Тоа не е секогаш нарушување, бидејќи репетитивното повторување е нормален развоен процес.

Како се дефинира ехолалијата и зошто се јавува? Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини