ПУТИН МОРА ДА БИДЕ ЗАПЛАШЕН Зеленски побара силен одговор на нападот со ракетата „Орешник“

Светот мора да одговори цврсто и одлучно за Путин да се исплаши од проширување на оваа војна и да се соочи со реални последици за неговите постапки. Вистинскиот мир може да се постигне само со сила - нема друг начин, изјави украинскиот претседател во своето ноќно обраќање.

2,060

Нападот на Русија со хиперсоничната ракета „Орешник“ со среден дострел бара „силен и одлучувачки одговор“ за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да го натера да ги почувствува „вистинските последици од неговите постапки“, смета украинскиот лидер Володимир Зеленски, пренесува „Гардијан“.

Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека е „благодарен“ на оние кои одговорија на, според него, „последниот чин на руско лудило“, но дека „зборовите не се доволни – потребна е акција“.






– Светот мора да одговори цврсто и одлучно за Путин да се исплаши од проширување на оваа војна и да се соочи со реални последици за неговите постапки. Вистинскиот мир може да се постигне само со сила – нема друг начин.

Според Зеленски користењето друга земја за тестирање ново оружје е очигледно кривично дело на Русија засновано на меѓународното право. Тој го коментираше нападот врз градот Дњепропетровск со руската ракета „Орешник“. Нападот следеше по претходните украински напади на руска територија со американски и британски со долг дострелл.

Украинскиот претседател исто така обзнани дека Украина работи на развој на нови видови противоздушна одбрана за да се спротивстави на, како што наведе, „новите ризици“.

НАТО и Украина ќе одржат состанок во Брисел за да разговараат за нападот на Русија, соопштија високи дипломати, пренесува АФП. Состанокот ќе се одржи на ниво на амбасадори и беше свикан на барање на Киев.

Поврзани содржини