АВТОБУС НА ЈСП ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ РАШТАК-БУЛАЧАНИ За среќа немало патници

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска упати апел до скопската градоначалничка Данела Арсовска, барајќи од неа да преземе сериозни активности во насока на обезбедување безбеден јавен превоз за жителите на Скопје.

517

Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото.






Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска упати апел до скопската градоначалничка Данела Арсовска, барајќи од неа да преземе сериозни активности во насока на обезбедување безбеден јавен превоз за жителите на Скопје.

av„Утрово, автобус на ЈСП Скопје излетал од патот Раштак-Булачани. Согласно информациите кои ги имам за среќа нема повредени граѓани, бидејќи автобусот бил празен. Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје. Барам спроведување на целосна истрага за денешниот немил настан и утврдување на причините за настанување на истиот. Апелирам до менаџментот на ЈСП и до градоначалничката на Град Скопје во заминување Данела Арсовска да преземат сериозни активности во насока на обезбедување безбеден јавен превоз за жителите на Скопје. Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници! Очекувам јавно објавување на причините за настанување на денешниот немил настан“, напиша Стефковски во реакцијата.

Поврзани содржини