ОЧЕКУВАМ МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ РАЗВИВААТ ВО ПОЗИТИВЕН ПРАВЕЦ Мицкоски му се јавил на Борисов за да му честита за победата

Верувам дека само со заеднички напори и со дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји, напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.

377

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му се јавил на својот бугарски колега Бојко Борисов и му честитал за победата на парламентарните избори што вчера се одржаа во Бугарија.

„Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и со дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји. Очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас“, пишува Мицкоски.






Поврзани содржини