НЕ САКАМ ДА БРКАМ ЛЕКАРИ ОД РАБОТА, АМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ МОРА ДА ИМА Дефинитивно е направен лекарски пропуст, констатираше Таравари

Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или за отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

151

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на 5 октомври и дека мора да се преземат одредени мерки.

– Како Министерство испративме препораки до Лекарската комора за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или за отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат – вели Таравари, додавајќи дека се нема слушнато со директорката на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“.






Девојчето почина на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“.

Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детската клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на детето, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Поврзани содржини