📽️ ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КАЛИФОРНИЈА, ОГНОТ ГОЛТА СЀ ПРЕД СЕБЕ Повеќе од 200 домаќинства се евакуирани

Пожарот избувнал во областа на планината Келер и брзо почнал да се шири поради силниот ветер и се прошири на површина од околу 5 хектари

427

Неколку стотици пожарникари се борат со пожарот што ги принуди жителите на Оукленд, Калифорнија да се евакуираат.

Пожарот избувнал во областа на планината Келер и брзо почнал да се шири поради силниот ветер и се прошири на површина од околу 5 хектари, пишува ABC News.







Дејмон Ковингтон, шефот на противпожарната служба во Оукленд, рече дека најмалку две структури се оштетени, но ниту една не е целосно уништена.

– Го спречивме ширењето на пожарот. Имаме уште многу работа, но сме во многу подобра ситуација отколку пред два часа – рече Ковингтон.

На повеќе од 200 домаќинства им беше наредено да се евакуираат.

Причината за пожарот  не е позната.

Поврзани содржини