РАЗУЛАВЕНИТЕ МАФИЈАШИ И ПИШТОЛЏИИ СЕ МАСЛО НА СДСМ СО СКОПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Дрога се купува полесно од аналгин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ од бандите во Скопје направи тајкуни плаќајќи долг за изборите од 2016 година кога истите тие бандити беа главни во штабовите на СДСМ низ Скопје. За детали за ова упатуваме да си ги прашаат Зечевиќ и Спасовски кои со овие работи биле целосно во тек, а бандитите работеа како нивна подружница се додека не станаа помоќни од нив, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Престрелките на разулавените банди низ Скопје се резултат на односите на СДСМ со скопското подземје и на завојуваните групи
Престрелките на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДСМ со скопското подземје и со завојуваните групи чија моќ во време на СДСМ порасна, а бизнисите цветаа, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ од бандите во Скопје направи тајкуни плаќајќи долг за изборите од 2016 година кога истите тие бандити беа главни во штабовите на СДСМ низ Скопје. За детали за ова упатуваме да си ги прашаат Зечевиќ и Спасовски кои со овие работи биле целосно во тек, а бандитите работеа како нивна подружница се додека не станаа помоќни од нив. СДСМ додека ги пие таблетите за заборавање не треба да мисли дека цел народ ги пие исто така. Народот памети, а посебно скопјани и посебно младите деца и родителите чии деца директно гледаат што се случува по скопските улици и како дрогата стана полесна да ја купиш од еден аналгин“, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија додава дека за сето тоа СДСМ има директна одговорност, а „бандитската љубов и должничко доверителски однос на врвот на СДСМ со дилерите рекетарите и убијците датира одамна, а кулминира во 2017“.
„СДСМ најмалку што може да направи е да се извини на јавноста за соучесништвото во овие ситуации и немили настани. На крај на денот нека си ги видат фотографиите на учесниците во сите престрелки до сега и ќе се потсетат на нивните заеднички седенки кога со нив кога со врвот на ДУИ чии измеќари беа и се уште се“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.