📽 И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ Мултигруп, КОС, братиславска или домашна местенка?

Пред Ситроенот возело „фиќо“, кое му го забавило патот на автомобилот токму во моментот кога експлодирала бомбата, за кое сè уште не е јасно кој го возел и зошто. Било изутрина, 9 часот и 50 минути, 1995 година. Во експлозијата „цитроенот“ е целосно распарчен, а видна штета е направена и врз Мерцедесот. Фотографијата од Мерцедесот, покај кој има насобрани луѓе тогаш осамна во медиумите.

4,390

Атентатори од српско-руското подземје, југословенската служба „КОС“ или можеби лица од бугарската фирма „Мултигруп“, лица од „Братиславската врска“, домашни служби. Ова се најчестите можни виновници кои се посочуваат за обидот за убиство на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, кој на денешен ден преживеа експлозија од бомба скриена под автомобил под сѐ уште неразјаснети околности.

Се навршуваат 29 години од мистериозниот обид за увиство.






Бомбата била поставена во „цитроен АМИ-8“ на улицата Македонија кај хотелот Бристол во Скопје, покрај кој минувал службениот „мерцедес С-500“ со кој Глигоров од претседателската резиденција одел на работа во Собранието. Пред Ситроенот возело „фиќо“, кое му го забавило патот на автомобилот токму во моментот кога експлодирала бомбата, за кое сè уште не е јасно кој го возел и зошто. Било изутрина, 9 часот и 50 минути, 1995 година.

Во експлозијата „цитроенот“ е целосно распарчен, а видна штета е направена и врз Мерцедесот. Фотографијата од Мерцедесот, покај кој има насобрани луѓе тогаш осамна во медиумите. Таа беше една од ретките фотографии од настанот. Години подоцна беа објавени фотографии од тоа како денес изледа „мерцедесот“.

Во атентатот загинуваат возачот Александар Спировски, а бил повреден телохранителот Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот. Глигоров бил итно пренесен во болница со тешки повреди на главата. Кога го посетил тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов, Глигоров можел да ги мрда капаците на очите, но не можел да ги отвори.

По тешката, но успешна операција од неврохирургот Јовица Угриновски, македонскиот претседател успеа да се појави во јавноста една година подоцна 14 јануари, на годишната средба со шефовите на странските дипломатски мисии во Македонија.

Вклучена е една „финансиско-економска групација“

Тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски изјавил дека во организацијата на атентатот е вклучена една финансиско-економска групација, практично мултинационална, со седиште во една соседна земја.

– Тој на 28 септември 1995 година е дојден во Македонија и во објект на периферијата на Скопје ја формирал експлозивната направа што е користена во атентатот на претседателот Глигоров. Во тоа му помагале извршители од Македонија. Врз основа на извршениот профил, тоа може да бидат политички фанатици, делови од криминално подземје, или резидентура на странски разузнавачки служби – изјави Фрчкоски, кој подоцна понуди оставка која не му беше прифатена.

„Мултигруп“ директно го посетиле Глигоров

Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската озлогласена бизнис-групација „Мултигруп“, југословенската тајна служба „КОС“, а беше спомната и т.н. „Братиславска врска“, но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот.

Подоцна, високи претставници на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

фото: јутјуб/принтскрин

Експлозивот бил југословенски

Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот „ами-8“ бил намерно избран за поставување на бомбата затоа што има тенок лим, кој од експлозијата лесно се распрснува во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот.

Што било договорено со Милошевиќ?

Нападот дошол по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за меѓусебно признавање.

Една друга непотврдена теза, која останува само во рамки на шпекулациите, е за вмешаноста на Белград во атентатот. Во септември 1995 се официјализира најавата дека Македонија ќе го потпише договорот Партнерството за мир со НАТО и Спогодбата за соработка и трговија со ЕУ, со што се отворија вратите на евроинтеграциските процеси. Македонија тргна кон Брисел и Вашингтон неповратно.

Ова битно геополитичко поместување на југот на Балканот, наводно, го вознемирило „вождот“ во Белград, кој според претпоставките се почувствувал предаден од Глигоров. Хипотезата наведува на тоа дека Милошевиќ сака да слушне потврда за одлуката на македонското раководство за евроатланската ориентација лично од устата на Глигоров. Милошевиќ го кани Глигоров во Белград.

Средбата трае кратко и од неа нема никакви информации за јавноста за тоа што се зборувало. Според истата теорија, Глигоров наводно му го потврдува тоа на Милошевиќ, по што тој се решава да го активира веќе разработениот план за атентатот.

Ослободителната војска на Македонија

Иако по атентатот била отворена обемна истрага од страна на МВР, под името „Автомобил“, а се вклучиле и безбедносните служби на САД, Германија и Британија, ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ја посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија.

Претресени повеќе од 30.000 возила, легитимирани 188.000 лица

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година. Во истрагата се претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Луѓето кои давале исказ и телохранителот се „самоубиле“?

Вработен во МВР, кој дал исказ во врска со истражните дејства за атентатот врз поранешниот претседател, следниот ден сопругата го нашла мртов во нивниот дом, тврди МКД. На оваа листа е и наводното самоубиство на инспектор во МВР, кој му бил телохранител на Киро Глигоров. Тој утрото на 5 август 1997 година бил прегазен од патничкиот воз што сообраќал на линијата Кичево-Скопје на мостот на реката Лепенец во населбата Ѓорче Петров. Според тогашните изјави на неговото семејство, две лица дошле во домот на Д.Г. вечерта на 3 август и го одвеле.

На 20 февруари 1998 година на падините на Водно во близина на кругот на МВР била најдена мртва вработена во Управата за оперативна техника, која била дел од екипата која го истражувала атентатот. Таа имала една огнострелна рана во челото. Било утврдено дека раната била предизвикана од истрел со пиштол од непосредна близина, а потоа било кажано дека станува збор за самоубиство.

Поврзани содржини