ОД РУИНА ДО СПОРТСКИ ХРАМ Салата „Партизан“ во Чаир добива нов живот

Салата „Партизан“ во Чаир беше опожарена во 2011 година и оставена во нефункционална состојба. Во изминатите години имаше повеќе иницијативи за нејзина реконструкција прво од Град Скопје, а подоцна и од претходната Влада, но досега не е ништо реализирано, а салата во меѓувреме е целосно руинирана.

296

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата „Партизан“ во Чаир.

Тие најавија дека овој спортски објект, кој оставен на забот на времето, се наоѓа во катастрофална состојба, ќе биде темелно реновиран и повторно ќе го врати својот сјај.






Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерот Борко Ристовски за неговиот ангажман за рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот, што овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини.

– Особено ме радува фактот што покрај култната сала „Расадник“ во Кисела Вода и овој спортски објект ќе биде темелно реконструиран и повторно ќе го врати својот сјај. Реновирањето на салата „Партизан“ ќе значи многу за сегашните и идните спортисти. По завршувањето на градежните активности, ќе добиеме репрезентативен објект, што ќе создаде услови за подобро спортување и развој на младите таленти. Сакам да упатам голема благодарност до Министерот Борко Ристовски за посветената работа и за вниманието што го посветува на рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот. Овие инвестиции не само што овозможуваат обнова на спортската инфраструктура во сите општини, туку и создаваат услови за развој на здравa и активнa младина, која е темел на нашата иднина – изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Министерот Рисовски истакна дека одговориле позитивно на барањето на градоначалникот Ганиу за да се овозможи овој дел од Скопје да добие сала која ја заслужуваат младите спортисти.

– Салата ја затекнавме во катастрофална состојба, комплетно руинирана и утврдивме дека е потребна целосна реконтрукција. Постигнат е договор со градоначалникот Висар Ганиу партнерски да ја реконструираме спортската сала која во минатото била полна со дечиња од сите спортови, а сега е во катастрофална состојба. Затоа Министерството за спорт ќе одговори позитивно на барањето на градоначалникот на Чаир за заеднички проект за реконструкција на овој значаен спортски објект. Македонија мора да се менува и мора сите заедно да работиме во таа насока – истакна министерот Борко Ристовски.

Салата „Партизан“ во Чаир беше опожарена во 2011 година и оставена во нефункционална состојба. Во изминатите години имаше повеќе иницијативи за нејзина реконструкција прво од Град Скопје, а подоцна и од претходната Влада, но досега не е ништо реализирано, а салата во меѓувреме е целосно руинирана.

Поврзани содржини