МИТКО ЈАНЧЕВ 7 ГОДИНИ ЈА ДОНИРА ПЛАТАТА Парите се пренаменети во хуманитарни цели
Вкупно 52.624.053 денари се средствата кои градоначалникот Јанчев ги донирал за општина Кавадарци и за останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.
Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест-плата и користење на службено возило, туку надоместот го пренамени во хуманитарни цели.
На табелата може да се види дека градоначалникот Јанчев преку општествено одговорните компании „Кожувчанка“, ЈА-МИ и Фондацијата Никола Јанчев, бележи огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци реализирани од 2022, 2023 и дел од 2024 година.
Вкупно 52.624.053 денари се средствата кои градоначалникот Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и за останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.
– Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност, нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството – се наведува во соопштението од компанијата.