СОНЦЕ ДУРИ ЗА ВИКЕНД Уште еден дождлив ден

309

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи.






Во петок ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Поврзани содржини