🎥 ОБОЖАВАТЕЛКА СЕ ЗАТРЧА И ЈА ЗГРАПЧИ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ Обезбедувањето веднаш реагираше

Холивудската актерка Анџелина Џоли присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што се фотографираше со обожавателите и им даваше автограми.

578

Холивудската актерка Анџелина Џоли присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што се фотографираше со обожавателите и им даваше автограми.

Анџелина беше на фестивалот по повод премиерата на својата воена драма „Без крв“ (Without Blood), која ја напиша и ја режираше.






Меѓутоа, на социјалните мрежи се прошири видео од една ситуација и многумина се шокирани од однесувањето на една обожувателка.

Додека Џоли позирала со обожавателите, околу неа биле неколку членови на обезбедувањето. Но, тие не претставувале проблем за една обожавателка која се затрчала до актерката и силно ја прегрнала. По очигледниот првичен шок на лицето на актерката, таа сфатила дека девојката не претставува никаква закана, па кратко поразговорала со неа.

 

@vanessatresjolie 😅 #angelinajolie #fan #hug #security #tiff #toronto #withoutblood ♬ suono originale – ANGELINA JOLIE ALIKE


Девојката била во солзи додека зборувала со Џоли, а потоа беше придружувана од обезбедувањето. Џоли им рекла да „бидат добри“ со девојката.

Видеото од инцидентот веќе почна да се шири на социјалните мрежи. Иако многумина ја фалат реакцијата на актерката, тие исто така нагласуваат дека инцидентот можел да тргне наопаку.

„За среќа, обожувателката беше безопасна“, „Анџелина добро реагираше, но фановите навистина треба да научат за личниот простор“, „Драго ми е што Анџелина Џоли е добро и покрај храбриот потег на обожавателката“, „Ова е толку страшно. Замислете да беше друг тип на „обожaвател““, „Некој од нејзиниот тим за обезбедување треба да биде отпуштен“, „Потребно ѝ е подобро обезбедување ако обожавател може така лесно да стигне до неа, замислете ако сака да ја повреди, има многу луди луѓе таму“, се дел од коментарите.

Поврзани содржини