ДЕЦАТА ПОД 2 ГОДИНИ – ИЧ, ТИЕ ОД 2 ДО 5 – МАКСИМУМ 1 ЧАС ДНЕВНО! На малите деца воопшто не треба да им се дозволи да гледаат во екрани

На малите деца воопшто не треба да им се дозволи да гледаат во екрани, им порачаа денеска шведските власти на родителите.

293

Децата на возраст под две години треба целосно да се држат подалеку од дигиталните медиуми и телевизијата, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.

Додека на децата помали од две години воопшто не треба да им се дозволи да гледаат во екрани, оние на возраст од две до пет години треба да бидат ограничени на максимум еден час дневно пред екранот, се вели во новите препораки на шведските власти.






Оние на возраст од шест до 12 години не треба да поминуваат повеќе од еден или два часа дневно пред екран.

Тинејџерите на возраст од 13 до 18 години треба да бидат ограничени на два до три часа дневно, соопшти агенцијата.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини