ДВЕ ТРАНСПОРТНИ КОМПАНИИ ЌЕ ПЛАТАТ ПО 7.500 ЕВРА КАЗНА Нивните возачи возеле со туѓа картичка во тахографот

Полицијата соопшти дека станува збор за два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С.А. (36).

632

Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска на автопатот Куманово – Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С.А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.






Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7.500 евра.

Поврзани содржини