СТРУМИЦА СТРУЈА БЕЗ ГАЈТАН Први ќе се возат со електрични автобуси

Планирано е на 11 септември, Денот на ослободувањето на градот, да почне пробниот период на возење на автобусите. 

939

Општина Струмица воведува електричен јавен превоз. Денеска 10 електрични автобуси се пристигнати во Скопје, кои до 6 септември треба да пристигнат во Струмица по што ќе бидат тестирани.

Како што е соопштено, Општината овие 10 автобуси ги набави на лизинг за 7 милиони евра од компанијата „Автомакедонија“. Автобусите се со капацитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење.






Планирано е на 11 септември, Денот на ослободувањето на градот, да  почне пробниот период на возење на автобусите.

По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје се одржа информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.

– Испишуваме историја во Струмица, бидејќи досега немавме автобуски превоз. Струмица е загадена, па се одлучивме да воведеме електрифициран јавен превоз. Со тоа стануваме прв град во регионот со електричен превоз – речт градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Драги Поп Стојанов рече дека електричната енергија за полнење на автобусите ќе се произведува од фотоволтаична централа која ќе биде поставена на покривот на претпријатието.

– Превозот ќе биде речиси бесплатен, а дел од енергијата од оваа централа ќе биде искористен за осветлување на градот – рече тој.

 

Поврзани содржини