СЕМКИ НА СЕЗОНАТА Ги зајакнуваат енергијата и имунитетот, а ги намалуваат холестеролот и крвниот притисок
Освен семките кои се користат за храна и за правење масло, ливчињата од овој жолт цвет може да се користат и за чај
Станавме многу мрзливи. Порано често добивавме од тетка ми на село по некоја „погача“ сончоглед и сѐ уште се сеќавам на нивниот мирис.
Ги земавме зрната од погачата и си ги грицкавме и грицкавме и грицкавме.
Сега ги купуваме излупени и спакувани во кесичка.
Веројано децава денес никогаш не пробале семки од сончоглед директно од големите цветни глави на растението.
Во најдобар случај, можеби ги купиле во фишек, испечени и посолени.
Како и да е, сончогледот, омилениот цвет на многумина, покрај специфичните нијанси на жолта боја и прекрасниот изглед, содржи корисни состојки за храна и пијалак.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.