📽 НОСТАЛГИЈА ЗА ЕДНО ИЗГУБЕНО ВРЕМЕ Како изгледаше Скопје пред земјотресот?

Постарите граѓани го паметат Скопје како град со помалку возила, повеќе зеленило и со помалку згради и други објекти. Во следното видео можеме да забележиме  снимки од старо Скопје пред земјотресот кои се извадоци од 13-минутиниот филм „Градот на Вардар (1962 година).

3,952

Денеска се одбележува 61-година од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, кој се случи во 5.17 часот, а помали потреси имаше до 5.43  часот. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

Но, како изгледаше Скопје пред земјотресот?






Постарите граѓани го паметат како град со помалку возила, повеќе зеленило и со помалку згради и други објекти. Во следното видео можеме да забележиме снимки од старо Скопје пред земјотресот кои се извадоци од 13-минутиниот филм „Градот на Вардар“ (1962 година).

Видео прилозите со својата елегична атмосфера побудуваат носталгични чувства за еден дамнешен град, во друго време и со поинаков дух. Многумина возат велосипеди, кејот е „жив“, а автомобилите олдтајмери создаваат живописна и ретро атмосфера.

СЕЌАВАЊЕ НА ГОЛЕМАТА КАТАСТРОФА Скопје одбележува годишнина од разорниот земјотрес од 1963 година

 

Поврзани содржини