ВО РОМАНИЈА НАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД РУСКИ ДРОН Нема индиции за намерен напад на територија на Алијансата тврдат од НАТО

По инцидентот во Романија, НАТО ги зголемил мерките за следење, вклучувајќи и воздушни патроли.

247

Нема индиции за каков било намерен напад на територијата на земја членка на НАТО, соопшти денеска портпаролот на Алијансата, откако во Романија во близина на границата со Украина беа пронајдени остатоци од руски дрон.

Портпаролот изјави дека инцидентите предизвикани од руските беспилотни летала кои влегле во воздушниот простор на Романија се „неодговорни и потенцијално опасни“ и дека во последните денови НАТО ги зголемил мерките за следење, вклучувајќи воздушни патроли.






Претходно денеска романското Министерство за одбрана соопшти дека во близина на градот Плауру кај границата со Украина се пронајдени остатоци од руски дрон, по рускиот напад во средата вечерта врз цивилната и пристанишната инфраструктура во Украина.

Поврзани содржини