БОМБА ВО ПОДРУМ, ПУШКА И КУРШУМИ НА ТАВАН Пронајдено оружје и муниција во куќи во Скопје и во Велес
На таван во семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров најдена е автоматска пушка и поголема количина муниција.
Скопјанец пријавил во полиција дека на таван на семејна куќа нашол автоматска пушка и поголема количина муниција. Велешанка пак во подрумот од куќата од нејзината баба нашла експлозивна направар.
„На 20.07.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавил дека на таван од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје пронашол една автоматска пушка, четири рамки за автоматска пушка, 381 куршуми калибар 7,62 мм, една рачна бомба и 20 чаури. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Оружјето и муницијата биле подигнати од полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи за понатамошна постапка.
На 19.07.2024 околу 16.00 часот во СВР Велес, Е.С.Т.(31) од Велес пријавила дека во подрумска просторија во куќа на нејзината баба, во која никој не живеел, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа“ – известија од МВР.