Сликата на Трамп – ранетиот херој

Америка ита кон изборите во ужасна состојба, веќе поделена и поларизирана, ќе се дорадикализира, ќе се изгуби секаква рационалност, секакво чувство на државен интерес и ќе заврши како судир меѓу две Америки кои не се разбираат и не комуницираат, освен преку навреди, завери и освети.

1,358

Сликата која влезе во историја.

И која ќе ја смени историјата.






Се вика дека куршумот кој ја промашува метата, ја прави посилна, затоа што ја претвора во жртва, пишува Ивор Мицковски на својот профил на Фејсбук.

Крвта на Доналд само ќе ја дораспали и доподели Америка.

Демократите со Слипи Џо или кој било друг ќе бидат во дефанзива и по инерција ќе изгубат.

Америка ита кон изборите во ужасна состојба, веќе поделена и поларизирана, ќе се дорадикализира, ќе се изгуби секаква рационалност, секакво чувство на државен интерес и ќе заврши како судир меѓу две Америки кои не се разбираат и не комуницираат, освен преку навреди, завери и освети.

Дури и гестот на насилство може да не остане изолиран случај.

Доналд Трамп првпат делуваше автентичен, а таа тупаница каде иронично токму запалувачот и деструктивецот испаѓа како жртва, само ќе му даде дополнитела сила за победа.

Тешко ќе се избрише или надмине оваа слика на Трамп – ранетиот херој, и ќе се замени со некоја друга политичка фигура.

Светот и во услови на мир и во насилство оди во многу погрешен правец.

Поврзани содржини