„ДОСТА БЕШЕ ТОЛЕРАНЦИЈА“ Општина Кисела Вода поднесе пријава против „Комуналец“,

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.

301

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека е поднесена прекршочна пријава до ЈП „Комунална хигиена“ поради тоа што отпадот не се собира, се содаваат депонии и во услови на високи летни температури се доведува во прашање здравјето и безбедноста на граѓаните.

Тој најави дека за толеранцијата за несовесното работење на ЈП „Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град и’ е дојден крај и дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.






– Скопје со недели изгледа на голема депонија и се дави во отпад! Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба. Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП „Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град! Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП „Комунална хигиена“, кое сите граѓани на Скопје го плаќаме – вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека минатата година, кога комуналците штрајкуваа, градоначалниците сами се обидоа да го соберат ѓубрето што стоеше несобрано и дека нема да дозволи ова да се случи повторно.

– Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно. Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен. Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри. Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава. Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.

„Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, фгопоменале или казниле некој од овие прекршители. Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно – без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни“, велат од Јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен
отпад од јавните и сообраќајните површини.

„Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје“, пишува во демнатот.

Поврзани содржини