СУСАМОТ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА ВИСОКИОТ ПРИТИСОК И ГО ЗАЈАКНУВА КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ Зошто е добро да користите сусам секој ден?

Семето од сусам содржи и две уникатни соединенија од групата лигнани: сесамин и сезамолин, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и штитат од висок крвен притисок.

941

Сусамот е еден од најстарите зачини во светот.

Записите потврдуваат дека 3500 години п.н.е. постоеле култури на сусам покрај реките Еуфрат и Тигар.






Ова растение долго време се користи во древните медицински традиции во дел од светот.

Ајурведските медицински препарати и кујна се незамисливи без сусам, а маслото од сусам е незаменлива состојка во ајурведските масажи.

Практично, исклучително лековитото масло се добива со пресување на семките сусам.

Денес, сусамот и неговото масло се користат во готвењето, медицината и козметиката.

Иако поради својата хранлива вредност заслужува да биде на самиот врв на најценетите намирници, кај нас слабо се препознаваат неговите лековити својства.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини