📽️ РУСИТЕ НАПАЃААТ КАКО „ЛУДИОТ МАКС“ Украинците им се потсмеваа на тактиката со мотоцикли, но Москва тврди дека селата паѓаат едно по друго
Во видеото кое го објави Дејли Телеграф, се наведува дека Украинците првично ја исмевале оваа руска тактика и ја споредувале со филмскиот серијал „Лудиот Макс“.
Министерството за одбрана во Москва тврди дека теренските мотоцикли, кои руските трупи ги користат за да ги нападнат украинските позиции на источниот фронт, помогнале да се заземат голем број градови и села во неодамна заземените области.
Британскиот Дејли Телеграф на својот канал „Јутјуб“ го објави тврдењето на неименуван руски офицер дека пет војници успеале сами да окупираат упориште во Украина во близина на градот Вухледар користејќи ги овие возила.
– Бидејќи направивме сѐ наеднаш, тие беа изненадени, па веднаш фативме двајца (Украинци), а останатите побегнаа – рекол рускиот офицер.
Во видеото кое го објави Дејли Телеграф, се наведува дека Украинците првично ја исмевале оваа руска тактика и ја споредувале со филмскиот серијал „Лудиот Макс“.
Се наведува дека украинската армија во меѓувреме нашла начин да ја уништи руската пешадија на теренски мотоцикли и имала неколку успешни удари против нив.