ПОТЕКЛОТО НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО Е ВО МОЗОКОТ Нови сознанија за причините за говорното нарушување

Финските научници открија структурни промени во јазлите на мозочната мрежа кај луѓето кои пелтечат. Дали тоа ќе овозможи нови методи на лекување? И како да се однесувате кога разговарате со луѓе кои пелтечат?

301

Научници од Финска тврдат дека ги откриле коренот и причинителите за пелтечењето кај луѓето. Според новите сознанија, пелтечењето е невролошки предизвикано говорно нарушување на регулацијата на создавањето говор во мозокот.

Дали тоа ќе овозможи нови методи на лекување? И како да се однесувате кога разговарате со луѓе кои пелтечат?






Пелтечењето, вообичаено, е стресно за оние кои страдаат од тоа нарушување, особено затоа што другите честопати реагираат навредливо, со потсмев, агресивно или неправилно на тоа нарушување на говорот.

Неволните повторувања на слогови и звуци, како и блокадите на некои гласови може да предизвикаат вознемирување, фрустрации, несигурност.

Слабоста може да стане и физички видлива, ако се појави црвенило на лицето или потење.

Треба да се истакне и дека пелтечењето не е одраз на карактерот или интелигенцијата на засегнатото лице.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини