📽️ УЖАСНО НЕВРЕМЕ ВО ВОЈВОДИНА Поплавени се домови и улици, оштетени се фасади

1,301

Силно невреме попладнево ја погоди Војводина. Град со големина на лешник уништи фасади и поплави куќи и улици.

Жителите на Бачка Паланка останаа без струја.Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно во текот на денот издаде предупредување за невремето.

Од видеата и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи може да се види дека обилните врнежи предизвикаа порои низ улиците и во домовите

Се појави и видео од поплавената гимназија Бачка Паланка.Силната бура која денеска беше забележана на североистокот на Босна се пресели во Војводина и се движи понатаму кон Романија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BAP VESTI (@backapalankadesavanja)

Поврзани содржини