ТОПЛО ЗА ПРАЗНИКОТ, ПА НЕВРЕМЕ Издаден портокалов метеоаларм за горештина
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најави УХМР.
Управата за хидрометеоролошки работи за утрешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.
Според најавата, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 8 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Скопје, со дневна температура до 36 степени.

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
