ТАРАВАРИ ПРОГНОЗИРА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ДО 2028 Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени

802

Гледам светло на крајот на тунелот што може да се реализира многу брзо, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса на Албанците во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на уставните измени како предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес на Македонија.

– Има предлози од двете страни, но да бидам искрен, имаме и сугестии од наши пријатели кои се меѓународни експерти во тој правец и во периодот ќе бидат доста активни меѓу Скопје и Софија и тоа е, искрено, мошне олеснувачки – рече Таравари.






Лидерот на АА истакна оти има надеж до крај на мандатот на новата владата, Македонија да стане и полноправна членка на Европската Унија.

– Јавно кажувам дека сум оптимист во 2028 година дека можеме да бидеме полноправна членка на ЕУ, иако сите кажуваат 2030. Не велам дека е завршена работа, но има шанси – истакна Таравари.

Тој вели дека се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога вели дека треба да почекаат јуни да видат како ќе се реализираат уставни измени.

– Се согласувам со господинот Мицкоски дека треба да почекаме јуни за да ги видиме резултатите (во Бугарија), да ја видиме Владата и да седнеме со бугарската Влада да видиме како да ги спроведеме уставните измени – изјави Таравари.

Поврзани содржини