ЖЕНИТЕ ИМААТ ШТО ДА ПОКАЖАТ, ИМААТ ВУЛКАНСКА СИЛА! Силјановска Давкова смета дека е срамота што 30 години не сме имале претседателка или премиерка
Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат, рече Силјановска Давкова на денешната трибината на тема „Жени“.
Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер, рече претседателскиот кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ Гордана Силјановска Давкова на денешната трибината на тема „Жени“.
-Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци. Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат- рече Силјановска Давкова.