ГРК БИЛ ЖРТВА НА ЖЕНСКА ИЗМАМА ВО МАКЕДОНИЈА Еве поради каква заблуда платил 2.000 евра
Пријавената лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти“, информираат од МВР.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
„Пријавената, на 13.09.2023 на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти“, информираат од МВР.
Гевгеличанката му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што грчкиот државјанин се согласил.