📽 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА КОГА МОНА ЛИЗА РАПУВА! Мајкрософт објави ВИ видео, има 7 милиони прегледи!

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци.

249

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да сними фотографија и аудио клип и да ги комбинира за да генерира реални видеа. Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци. Но ова не е хитот на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и ја изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.

Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на платформата Х.






„Да Винчи само да можеше да го види ова“, „Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ –  се дел од коментарите на видеото.

Поврзани содржини