КРВАВА ЗАБАВА ВО САД Пукање во градскиот парк во Мемфис, има убиени и многу повредени
На забавата, која не била одобрена од властите, присуствувале од 200 до 300 луѓе.
Две лица загинаа, а најмалку 14 се повредени синоќа при пукање на забава во градски парк во американскиот град Мемфис, соопшти полицијата.
Полицајците од полициската управа во Мемфис реагирале во 19:19 часот на пријава за пукање, изјави началникот на полицијата Серилин Дејвис на прес-конференција на местото на инцидентот.
Тој рече дека полицијата пронашла пет лица со прострелни рани.
– Двајца мажи починале на местото на настанот, а три лица биле пренесени во околните болници во критична состојба – истакна Дејвис.
Други 11 жртви самите побарале лекарска помош. На забавата, која не била одобрена од властите, присуствувале од 200 до 300 луѓе.