МАКСО НА ПАЗАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ВАНКОВСКА НА САЕМOT НА КНИГА Продолжува кампањата за претседателските избори

Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ранковце (17:00), Кратово (18:30), Крива Паланка (20:30).

174

Во тек е шеснаесеттиот ден од претседателската кампања во која кандидатите за шеф на државата ги посетуваат градовите низ Македонија и на граѓаните им го презентираат тоа што го имаат подготвено во својата програна.

Kандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ќе се сретне со граѓани во општините Чучер Сандево, Шуто Оризари и Бутел.






Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ранковце (17:00), Кратово (18:30), Крива Паланка (20:30).

Претседателски кандидат на Левица Билјана Ванковска ќе го посети Саемот на книга и ќе присуствува и на промоција на книгата „Книга за меморија – ученици и студенти Евреи од Град Скопје (1920 – 1943)“ во издание на Архив на Македонија. (Сала „Борис Трајковски“)

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе има средби со граѓани во Скопје (паркот „Ѓорче Петров“/ 11:05 и на пазарот во Ѓорче Петров/11:25 по што ќе даде изјава/12:00), како и во Велес (пристигнување/17:30, средби со граѓани во 18:10, средби со граѓани во Велешкиот театар/19:00, обраќање на Максим Димитриевски во 19:20 и Live stream на fb страната на Максим Димитриевски)

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава.

Поврзани содржини