УШТЕ МАЛКУ И СÈ ЌЕ БИДЕ НОВО! Силјановска Давкова од Гевгелија порача дека мора да излеземе од агонијата
Бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо, сè ќе биде ново!“, им порача Силјановска Давкова на гевгеличани.
„Сите ние имаме обврска да направиме нешто за да излеземе од оваа агонија. Останете уште малку, истрпете уште малку, бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо, сè ќе биде ново!“
Вака се обрати кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните во Гевгелија. Taa за актуелната власт ги упати следните зборови:
– Нема политика без дијалог, без дебата, без компромис, без потрага по согласност, по усогласување, по нешто заедничко. Овие луѓе повторно ги урнаа сите дефиниции за политиката, за нив политиката значи како побрзо да ги приграбат општите добра и да ги направат лични, затоа нема за народот и граѓаните.
Ние имаме социјалдемократи кои се меѓу најбогатите луѓе во државата. Тие не градат самостојна и независна држава зашто самите не се самостојни и независни!
Во својот говор Силјановска-Давкова ги спомна и специјализантите по медицина чиј статус уште е нерешен.
– Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари? Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат? Не! Што ќе направев јас ако бев во моментов претседателка? Ќе протестирав и ќе марширав со нив! И тоа ќе го правам! Со сите ранливи категории, секогаш кога ќе сакам да ја разбудам свеста!