🎥 ЕДЕН БАКНЕЖ И МАГИЈА СЕ СТОРИ Несекојдневна глетка на одбојкарски натпревар стана вирална на социјалните мрежи
Една несекојдневна глетка на одбојкарски натпревар во Турција стана вирална на социјалните мрежи. И за неа уште долго ќе се коментира.
Во втората полуфинална пресметка на турското женско одбојкарско првенство, откако еден од тимовите освои важен бод, Турчинката Кансу Озбај го зграпчи лицето на американската соиграчка Али Франти и ги притисна нејзините усни до нејзините.
Овој бакнеж соиграчите го дочекаа со изненадени лица и со смеа, но Кансу веднаш дојде да ѝ даде до знаење на својата соиграчка дека „не мислела така“.
Мислела или не, сцената веднаш стана вирална на социјалните мрежи, а емотивниот момент им се допадна на многу луѓе. Дури и на оние кои „мислат така“.
Еве, оценете самите: