ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ Д-Р ЖАН МИТРЕВ НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ Одбраната се жали дека се врши притисок врз Судот со кршење на презумпцијата на невиност

Согласно со практиката на Судот во Стразбур, со ваков тип соопштение какво што објави Обвинителството, се прејудицира оцената на фактите од надлежниот судски орган и се охрабрува јавноста да верува дека обвинетиот е виновен пред тоа да биде докажано согласно законот, вели одбраната на д-р Митрев.

524

Одбраната на Жан Митрев најави дека ќе се жали во Судот за човекови права во Стразбур откако Основниот суд во Скопје не дозволи одлука за прекршување на пресумпција на невиност со соопштението на Јавното обвинителство за случајот Жан Митрев.

Првично беше поднесено барање за повреда на членот 2 став 1 и 2 од Законот за кривична постапка и членот 6 став 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како основни елементи за заштита на правото за фер и непристрасно судење и заштита на пресумпцијата на невиност дека никој не смее, ниту суд, ниту државен орган особено Јавно обвинителство да прејудицира вина.






Обвинителството со објавување на соопштението директно ја повреди пресумпцијата на невиност на обвинетиот. Во повеќе наврати во содржината на соопштението е нагласено дека обвинетиот за д-р Митрев и клиниката лажно ги презентирале фактите во однос на употребата на хемофилтрација, дека за тоа Обвинителството презентирало силни докази и дека е уверено дека Судот врз тие докази ќе донесе одлука.

„Со тоа категорично се рефлектира мислењето на јавниот обвинител дека обвинетите го сториле кривичното дело пред тоа да биде утврдено со правосилна пресуда согласно закон. Согласно со практиката на Судот во Стразбур, со ваков тип соопштение се прејудицира оцената на фактите од надлежниот судски орган и се охрабрува јавноста да верува дека обвинетиот е виновен пред тоа да биде докажано согласно законот“, вели одбраната на д-р Митрев.

Обвинителката изјави дека соопштението го пишувале службите, а барањето на одбраната било „губење време“.

Но, сведочењето на двајца сведоци на последното рочиште покажа дека обвинението стои на стаклени нозе.

Така, едната од сведоците, чиј татко бил донесен во Клиниката Жан Митрев со сатурација 45% од Клиниката за очни болести, објасни дека никогаш не се видела со Жан Митрев и не разговарала со него, но мислела дека со хемофилтрација ќе го спаси татко ѝ. Верувала во методата, а информацијата ја добила од јавноста, од луѓе, од медиуми, но ни еден не бил доктор во Клиниката Жан Митрев.

Вториот сведок го однела својот татко во Клиниката Жан Митрев зашто сметала дека таму ќе добие најдобра грижа. Како што посочи одбраната во вкрстеното испрашување, нејзината мајка ѝ сестра испраќале пораки со благодарност до докторскиот тим, затоа што лавовски се бореле, внимавале на пациентот, па дури му пуштале и музика. Таа објасни дека никогаш не разговарала со д-р Митрев, но дека нема да се смири додека тој не биде осуден за виновен.

 

Поврзани содржини