КОЛКУ Е ЧАСОТ НА МЕСЕЧИНАТА? Американците бараат посебна лунарна временска зона

Месечината би била посебна временска зона која треба да биде наречена Координирано лунарно време. Целта е секој астронаут да го употребува тој утврден часовник, што би помогнало во водење на идните мисии на Месечината.

213

Белата куќа објави меморандум каде што бара од американската вселенска агенција НАСА да се воспостави нов месечев метеоролошки стандард до 2026 година.

Тоа значи дека Месечината би била посебна временска зона која треба да биде наречена Координирано лунарно време. Целта е секој астронаут да го употребува тој утврден часовник, што би помогнало во водење на идните мисии на Месечината.






По правилата на физиката, на друго природно вселенско тело, времето тече поинаку одошто на Земјата.

– Истиот часовник што го имаме на Земјата, на Месечината би се движел со различна брзина – изјави раководителот за вселенска комуникација и навигација во НАСА Кевин Когинс.

Астронаутите од САД, Кина, Јапонија, Индија, Русија и други сега се раководат според времето на централата во својата земја од каде што се испратени на Месечината.

Инаку, и Европската вселенска агенција (ЕСА) работи на воспоставување временска зона вон оние на Земјата.

Поврзани содржини