НИКОЛА ЈОКИЌ ПО ТРЕТ ПАТ МВП НА СЕЗОНАТА! Српскиот кошаркар далеку пред другите кандидати
Во неофицијалната анкета на ЕСПН, Никола Јокиќ е убедливо на првото место, Шаи Гилгес-Александер е втор, а на третото место е Лука Дончиќ.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе ја добие наградата МВП на крајот од оваа сезона во НБА лигата, американскиот ЕСПН ги објави сè уште неофцијалните гласови од изборот. Јокиќ по трет пат во кариерата ќе биде најкорисен играч на НБА. Тој беше награден во 2021 и 2022 година, а по „паузата“ повторно ќе ја добие неформалната награда за најдобар играч во светот.
Во неофицијалната анкета на ЕСПН, Јокиќ триумфираше убедливо бидејќи 85 од 100 анкетирани го избраа на првото место. Други 14 го сметаат за вицешампион за МВП и само еден трет, што сега му дава 327 поени повеќе од Шаи Гилгес-Александер од Оклахома во генералниот пласман.
Nikola Jokic is the favorite to win MVP according to ESPN’s NBA MVP straw poll
(Via https://t.co/Og7uImvALl) pic.twitter.com/ysMixQgch0
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 3, 2024
Според неофицијалните резултати трет е Лука Дончиќ, а по него следуваат Јанис Адетокунбо, Џејсон Тејтум, Џејлен Бренсон, Ентони Едвардс, Кави Леонард, Домантас Сабонис и Џејлен Браун. Веројатно поредокот во првите пет најдобри кошаркари во НБА ќе беше поинаков доколку Џоел Ембиид не беше дисквалификуван поради повреда, односно во моментот кога беше јасно дека нема да одигра најмалку 65 натпревари во сезоната.

Ако резултатите се покажат како точни, а нема сомнение дека ќе бидат точни бидејќи ништо епохално не може да се промени до крајот на регуларниот дел од сезоната, Јокиќ ќе се приклучи во друштвото на Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мозес Мелоун, победници на три МВП награди. Карим Абдул-Џабар има најмногу дури 6 МВП признанија, Мајкл Џордан и Бил Расел имаат по 5, а Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен имаат по 4.
Да потсетиме, тимот на Јокиќ Денвер моментално е изедначен на првото место на Западот со идентичен скор како Минесота 53-23, на шест меча до крајот. Јокиќ сезонава има просек од 26,4 поени, 12,3 скока и 9 асистенции, а дури 23 пати запиша трипл-дабл.