📷 МАКРОН СЕ ПРЕТВОРИ ВО РОКИ, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД ПУТИН Франција објави фотка од претседателот кој боксира и се напрега
Фотографката на францускиот претседател ги објави двете слики на Инстаграм неколку дена откако Макрон зазеде поостар став кон Русија.
Макрон сѐ почесто си ги покажува мускулите, а сега отиде и чекор подалеку откако неговата лична фотографка на Инстаграм објави фотка од него како удира боксерска вреќа со напрегнат бицепс, објави Гардијан.
Објавата на фотографијата доаѓа неколку дена откако Макрон зазеде поостар став кон Русија и кон рускиот лидер Владимир Путин.
Филмот „Роки“ набргу почна да „трендува“ на социјалните мрежи, па неизбежно беше луѓето да почнат да се прашуваат дали црно белите фотографии се „украсени“. Неверниците укажуваа на големината на неговите бицепси и споделуваа фотографии од него на кои боксува заедно со претходни слики од 46-годишниот Макрон во кои неговите раце му се послаби.
Други, пак, се пошегуваа и ги објавија овие слики снимени од фотографката Соазин де ла Мојсониjер, велејќи дека Макрон, вешт боксер, се подготвува да оди по Русија и по нејзиниот 71-годишен претседател Владимир Путин.
Во изјава за француска телевизија минатиот четврток, тој ја предупреди Русија дека сака да ја зголеми моќта и дека сега нема да се запре.
– Ако ја оставиме Украина на цедило и дозволиме да ја изгуби оваа војна, тогаш Русија ќе им се заканува на Молдавија, Романија и на Полска – рече Макрон.
И неговиот колега од Кремљ Владимир Путин, мајстор во овој жанр, е познат по фотографиите на кои гол ги покажува неговата атлетска градба, физичка сила и спортска форма.