ОРБАН ЈА ОТКРИ ЈАВНАТА ТАЈНА НА ТРАМП ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Ако се врати нема да им даде ни пени!

Ако Американците не дадат пари и оружје заедно со Европејците, војната ќе заврши. И ако Американците не дадат пари, тогаш Европејците нема да можат сами да ја финансираат оваа војна. И тогаш војната исто така ќе заврши - истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со Доналд Трамп.

602

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во петокот се сретна со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во интервју за ТВ каналот М1 тврди дека Трамп има „прилично детални планови“ за ставање крај на војната во Украина.

Орбан изјави дека плановите на Трамп се во согласност со интересите на Унгарија.






– Тој има многу јасна визија со која е тешко да не се согласите. Тој го вели следното: Прво, нема да даде ни пени за руско-украинската војна. Затоа војната ќе заврши, бидејќи очигледно е дека Украина не може да застане на свои нозе – изјави унгарскиот премиер.

Орбан истакнува дека кога ќе нема пари и оружје ќе дојде и крајот на војната.

– Ако Американците не дадат пари и оружје заедно со Европејците, војната ќе заврши. И ако Американците не дадат пари, тогаш Европејците нема да можат сами да ја финансираат оваа војна. И тогаш војната исто така ќе заврши – додаде Орбан.

Според унгарскиот премиер, САД повеќе не сакаат да ја финансираат безбедноста на Европа.

– Ако Европејците се плашат од Русите или воопшто сакаат да имаат високо ниво на безбедност, треба да платат за тоа. Или со изградба на сопствена војска и сопствена опрема или, ако ги користат Американците за тоа, со плаќање цената за Американците, цена на безбедноста. Што значи тој (Трамп) зборува директно и јасно – рече Орбан.

Тој потсети дека Трамп е „првиот претседател по долго време кој не започна војна за време на неговиот мандат“.

– Значи, веќе знаеме за него, од неговото претседателствување, знаеме дека е човек на мирот. И тој сега не ги крие своите ставови: јасно стави до знаење дека неговата цел е да донесе мир во руско-украинската војна. Ние сакаме прекин на огнот што е можно поскоро. Сакаме предвремен крај на оваа војна. Не гледам некој друг кој има поголема решителност и сила за тоа од Доналд Трамп – посочи тој.

Орбан се сретна со Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида. Двајцата разговараа за „широк опсег на прашања кои ги засегаат Унгарија и САД, вклучително и огромното значење на силните и сигурни граници за заштита на суверенитетот на секоја нација“.

Орбан по средбата повторно беше полн со пофалби за Трамп, нагласувајќи дека „светот би бил подобро место“ доколку поранешниот американски претседател се врати на власт. Трамп, од друга страна, му упати комплименти на Орбан, нарекувајќи го „фантастичен лидер“. Средбата наиде на критики од актуелниот американски претседател Џо Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот го критикуваше републиканскиот ривал Доналд Трамп за средбата со Виктор Орбан, велејќи дека унгарскиот премиер се обидува да воспостави диктатура.

– Дали знаете со кого се среќава во Мар-а-Лаго денес? Со Орбан од Унгарија, кој отворено рече дека не мисли дека демократијата функционира и дека сака диктатура – им рече Џо Бајден на поддржувачите за време на предизборниот митинг.

– Гледам иднина во која ја браниме демократијата, а не во која ја слабееме – рече 81-годишниот демократ, за кого ова прашање е едно од главните во кампањата против Доналд Трамп.

Џо Бајден уште еднаш ги осуди коментарите на 77-годишниот поранешен претседател на САД кој рече дека ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да ги нападне земјите од НАТО кои не придонесуваат доволно финансиски за Алијансата.
Унгарија е единствената членка на Европската унија која одржува блиски врски со Кремљ и покрај руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Орбан одбива да испрати каква било воена поддршка за Украина и редовно повикува на прекин на огнот, убеден дека Киев не може да победи. Трамп ги повикува своите поддржувачи во Конгресот да ја блокираат американската воена помош за Киев во вредност од 60 милијарди долари, која ја бара претседателот Бајден.

Поврзани содржини