🎥 АПЛАУЗ ЗА ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ И ЗА МЕТО ЈОВАНОВСКИ Одржана премиера на филмот „Руски конзул“ која двајцата актери не ја дочекаа

Двајцата големи актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.

1,289

Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ. По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски. И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)






На премиерата прв пат во јавност се појави сопругата на Жарко Лаушевиќ, Анкица, но како што пренесуваат српските медиуми, таа не можела да го гледа филмот во кој нејзиниот покоен сопруг ја има главната улога.

Филмската екипа на премиерата со аплаузи им се поклони на двајцата големи актери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово.

Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја Љубов Божовиќ – Руски конзул (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита.

Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др.

Во кината во Србија филмот ќе почне да се прикажува од 7 март.

Поврзани содржини