СВЕТОТ СЕ ДЕБЕЛЕЕ Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина

Во периодот меѓу 1990. и 2022 година, дебелината во светот кај жените се зголемила од 8,8 отсто на 18,5 отсто, а кај мажите од 4,8 отсто на 14 отсто, покажува истражувањето објавено во медицинското списание „Лансет“.

161

Повеќе од милијарда луѓе се борат со прекумерната тежина и дебелината, посочуваат новите научни проценки на светско ниво, објавени во медицинското списание „Лансет“.

Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца. Највисоки стапки на прекумерната тежина има во Тонга и Американска Самоа – за жени и во Американска Самоа и Науру – за мажи, со околу 70 – 80 отсто од возрасните кои живеат со дебелина.






Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини