АХМЕТИ БАРА ЗАМЕНИК ШЕФ НА ДРЖАВАТА Потврдена претседателската кандидатура на Османи
Лидерот на ДУИ предага да се отвори Уставот и да се изберат шеф на државата и заменик-шеф на државата, веројатно по принципот - Македонец и Албанец.
„Да избереме претседател и заменик-претседател со двотретинско мнозинство, односно со двојно мнозинство и со Бадентер“. Ова го побара лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното јавно обраќање до нацијата.
Тој предага да се отвори Уставот и да се изберат шеф на државата и заменик-шеф на државата, веројатно по принципот – Македонец и Албанец.
„Ве повикувам да се собереме на најважниот референдум на денешнината за да ѝ кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа! Да го избереме претседателот и заменик-претстедателот со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство на Бадентер. Бујар да ја води промената која ја бараме и во нашата програма во 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за прашањето на претседателот ќе го овозможи и одобрувањетто на Договорот за добрососедство и продолжетокот на европската интеграција. Пред вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја – изјави лидерот на ДУИ во своето обраќање.
Според него, шефот на дипломатијата Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година, практично најавувајќи дека ДУИ него ќе го кандидира за претседател и ќе бара воведување функција заменик-претседател.
Според Ахмети, отворањето на Уставот за ваков избор на претседател ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.