„ЧИСТА СМЕТКА, ДОЛГА ЉУБОВ“ И покрај војната, Русија редовно ѝ плаќа на Украина за транзит на гас

Рускиот претседател нагласи дека Европејците мора сами да одлучат дали им е потребен руски гас и дека, како што наведе, Русија ќе се снајде во секој случај, објави агенцијата Интерфакс.

375

Рускиот претседател Владимир Путин вчера обелодени дека Украина продолжува да добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа, и покрај војната.

– Од нас добиваат пари за транзит, колку и да звучи чудно… А ретко кој зборува за тоа – изјави Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.






Путин потсети дека едниот крак од гасоводот минува низ Украина, а украинската страна го затворила другиот крак за Германија.

Тој рече и дека има и рута за снабдување со гас преку Полска.

Рускиот претседател нагласи дека Европејците мора сами да одлучат дали им е потребен руски гас и дека, како што наведе, Русија ќе се снајде во секој случај, објави агенцијата Интерфакс.

Поврзани содржини