ЕВРОПА Е ТУКА, НЕМА ДА ВИ ПОБЕГНЕ, АМА МАКЕДОНИЈА ЈА ГУБИМЕ Мора да се дефинираат националните македонски интереси, вели Максим Димитриевски

Кога се работи за нацијата, кога се работи за државата, нема простор  за никакви отстапки, вели претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски.

1,060

Македонскиот политички фактор мора да дефнира национални македонски интереси и црвени линии, тоа што никогаш во минатото не е постигнато, истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски во емисијата „Тешки муабети“ на порталот Инфомакс.

– Толку е поларизирана политичката сцена во Македонија што истата е обоена во црно и во сиво. Ние бело немаме видено во државата. Значи сега дефинитивно јас тврдам дека на следните избори најмалку ќе влезе уште една, дополнително две бои коишто ќе го раздвојат тоа сивило. Но она што е најбитно, македонскиот политички фактор  мора да дефинира национални, македонски интереси и црвени линии. Тоа што никогаш во минатото не е постигнато во нашата држава. Ние ќе бидеме тие којшто ќе го понудиме тој документ на сите. Доколку сакаат да разговараме за идни соработки, ќе мора да ги усогласиме тие  ставови, да удриме потпис, печат сите и да се држиме до тоа, бидејќи тоа треба да го научиме од моноетничките политички партии на Албанците. Кога се работи за нацијата, кога се работи за државата, нема простор  за никакви отстапки, бидјеќи Европа нема да ви побегне,таа е тука, таа функционира и работи. Но вие од ден на ден можете и ја губите Македонија. Македонија е суверена држава на сопствена територија со сопствен Устав, каков е таков е, сите мораат да го почитуваат и законите да ни бидат усогласени – истакна претседателот на Движењето ЗНАМ.

Поврзани содржини