ИЗРАЕЛ ПОСТИГНА НОВ РЕКОРД, 10 УБИЕНИ ЦИВИЛИ ВО ЛИБАН ВО ЕДЕН ДЕН Хезболах најави одмаза

Либанскиот екстремистички Хезболах вети дека ќе се одмазди за нападите што ги погодија градот Набатие и село во јужен Либан, неколку часа откако проектили истрелани од земјата убиле една Израелка која служела во војска. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор со американскиот колега Лојд Остин разговарал и за заканите и нападите на Хезболах. Галант рече дека Израел нема да толерира напади врз своите граѓани, дека ќе обезбеди враќање на раселените граѓани од север и дека е подготвен да го стори тоа преку дипломатски или воени средства.

540

Бројот на цивилни жртви во вчерашните два израелски воздушни напада врз Либан се искачи на 10, објавија денеска либанските државни медиуми.

Ова е најголем број жртви во еден ден во прекуграничните конфликти кои траат над 4 месеца.






Либанскиот екстремистички Хезболах вети дека ќе се одмазди за нападите извршени врз градот Набатие и село во јужен Либан, неколку часа откако проектили убиле една Израелка која служела војска.

Во градот Набатие, дел од зграда се урна во израелски напад, а 7 члена на истото семејство, меѓу кои и едно дете, загинаа, објави државната Национална новинска агенција.

Момчето кое прво беше прогласено за исчезнато било пронајдено живо под урнатините. Според првичните информации, загинале 4 лица.

Во селото Суанех загинаа една жена и нејзините две мали деца. Меѓу жртвите има и 6 жени и 3 деца, а загинале и тројца борци на Хезболах.

Во напад од Либан, претходно беше погоден израелскиот град Сафед на север, една девојка која служеше воена служба загина, а 8 лица беа ранети.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор со американскиот колега Лојд Остин разговарал и за заканите и нападите на Хезболах. Галант рече дека Израел нема да толерира напади врз своите граѓани, дека ќе обезбеди враќање на раселените граѓани од север и дека е подготвен да го стори тоа преку дипломатски или воени средства.

Поврзани содржини