ЏАФЕРИ ИСПОЛНИ УШТЕ ЕДНА „ДНЕВНА ОБВРСКА“ Почна изградбата на обиколницата во Тетово што ја најави Теута Арифи пред 4 години

Според проектот, обиколницата ќе има по две коловозни ленти од двете страни во ширина од вкупно 6,60 метри. Од двете страни на патот ќе има паралелни тампонски сервисни патишта по целата должина на делницата со ширина од околу 3 метри.

759

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска присуствуваше на уште еден настан кој, како што рече, е од неговата дневна агенда и не е дел од предизборната кампања. Заедно со министри, пратеници и претставници на локалната самоуправа, тој денеска во Тетово го означи почетокот на изградбата на долгонајавуваната обиколница.

– Изборите не се распишани, може да толкувате како сакате, јас ги извршувам моите дневни обврски. Оваа влада освен да организира избори ги има сите надлежности согласно законот и Уставот и ќе ги исполни сите активности и надлежности – рече Џафери, запрашан дали со неговото присуство ги надминува обврските како технички премиер и води предизборна кампања.






За изградбата на обиколницата во Тетово, која е долга 5,4 километри, ќе бидат потрошени 12 милиони евра кои ги обезбедува  Јавното претпријатие за државни патишта ЈПДП од сопствениот буџет и се дел од годишната инвестициска програма.

Според проектот, обиколницата ќе има по две коловозни ленти од двете страни во ширина од вкупно 6,60 метри. Од двете страни на патот ќе има паралелни тампонски сервисни патишта по целата должина на делницата со ширина од околу 3 метри.

Во рамки на овој проект се предвидени повеќе објекти, како кружен тек, надвозник над пругата и пропусти. Почнат е и процесот за експропријација, а рокот за изведба е 15 месеци по воведувањето на изведувачот во работа, односно изградбата треба да заврши во мај следната година.

Ова е првата фаза за реализација на проектот, а со втората фаза е предвидена изградба на клучката Требош за што е почнато проектирање. Обиколницата ќе ја гради ГП „Гранит“.

Обиколницата треба да го ослободи Тетово од тешките товарни возила.

Обиколницата во Тетово беше проект со кој Теута Арифи бараше гласови за градоначалничка на локалните избори во 2021 година, но не успеа да ја изгради. Проектот повторно беше активиран лани во декември.

Поврзани содржини