КАКО СЕ „МЕСЕШЕ“ ЃЕВРЕКОТ Дознајте до каде е создавањето на новото скопско ѓеврече

Кога целото соседство на средното угостителско „Лазар Танев“ во Скопје ќе замириса на печен сусам, знајте дека се пече новиот скопски ѓеврек. Победничкиот рецепт на Маја Лазаревска ги обедини поранешните и сегашните ученици, професорите и секако, организаторите од АРНО, во создавањето на идниот гастрономски симбол на градот – новиот скопски ѓеврек

919

Деновиве, од кабинетот по пекарство на СУГС „Лазар Танев“ се ширеше прекрасна арома на печен сусам и тазе пецива. Всушност, станува збор за првата работилница со победничката од натпреварот „Смисли го кругот“, Маја Лазаревска, алијас, Готвиме со Маја.

По победата на натпреварот насловен како „Смисли го кругот“, кој е иницијатива на здружението за социјални иновации „АРНО“, рецептот за ѓеврек со сусам, јаболко и младо сирење стана вистински предизвик за младите кулинари.






Со многу внимание и посветеност, Маја Лазаревска која смисли навистина оригинален рецепт за новиот скопски ѓеврек, ги обучуваше учениците за правење на тестото, за техниките за неговата изработка и за сите нејзини мали и големи тајни и кулинарски совети за изработка на ова печиво за кое се надеваме дека ќе стане и нов гастрономски симбол на Скопје.

Повеќе за ова, како и фотографии од работилницата во „Лазар Танев“ побарајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини