📽 📷 ГО УДРИЛ И ГО ОСТАВИЛ ДА УМРЕ Пожарникари и вработени во ЈП „Паркинг Кавадарци“ спасија повреден коњ на Плетвар
Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Пожарникари и вработени во ЈП „Паркинг Кавадарци“ го згрижија коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот, по апел за помош од Здружението Шепи-2021.
За оваа информација на Фејсбук вчера ја сподели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува Јанчев.
Тој упати благодарност до сите што учествувале во спасувањето на коњот.
„Животното беше безбедно пренесено и преземено од страна на С.О.У Орде Чопела во Прилеп. Благодарност до директорката Тереза Златеска и професор доктор Златко Димески, како и до доктор Благица Трајаноска од ветеринарната клиника „PetLand Prilep“ за несебичната помош“, додаде градоначалникот.