🎥 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СРЕЌА ОД ФОНТАНАТА ДИ ТРЕВИ! Рекордна година за популарната римска атракција

Сите пари што се собираат неколку пати неделно од Фонтана ди Треви веќе 15 години одат во  хуманитарната организација Каритас во Рим, годинава се собрани рекордни 1,6 милиони евра, кои ќе им помогнат на сиромашните жители на италијанската престолнина.

194

Паричка за среќа во Фонтаната ди Треви во Рим е традиција. Тоа е туристичка атракција и едно од најпосетуваните места во Рим. Дали некогаш сте се запрашале каде завршуваат монетите фрлени во таа фонтана и колку монети се собираат секоја година? Минатата година беше рекордна – од римската фонтана се собрани над 1,6 милиони евра!

Вработените во „Ацеа“, претпријатието за водоснабдување и струја на градот Рим кое ја одржува фонтаната, три до четири пати неделно собираат монети кои случајни минувачи, граѓани на Рим, но најмногу туристи, за среќа ги фрлаат во Фонтаната ди Треви.






Оваа традиција датира од антички Рим, кога монетите се фрлале во водата со цел да се смират боговите на водата. Подоцна оваа традиција официјално е воведена од германскиот археолог Волфганг Хелбиг со цел да ги убеди сите оние кои тажни го напуштале градот, дека еден ден ќе се вратат воРим ако фрлат паричка во фонтаната.

Многу туристи кои доаѓаат во овој град сакаат да бидат дел од таа традиција, која е толку вкоренета што дури и лидерите на Г-20, кога беа во Италија во 2021 година, предводени од тогашниот премиер Марио Драги, фрлија паричка преку грв во фонтаната.

– Не може да го посетите Рим без да ја посетите оваа фонтана, тоа е задолжително – изјави претседателот на римската добротворна организација Каритас, Џустино Тринча.

Малкумина Италијанци знаат дека сите пари што се собираат неколку пати неделно од фонтаната веќе 15 години одат во  хуманитарната организација Каритас во Рим, а дека годинава се собрани рекордни 1,6 милиони евра, кои ќе им помогнат на сиромашните жители на италијанската престолнина.

– Кога ќе ги одземеме трошоците за собирање монети, што е некаде околу 6% од вкупната сума, остатокот оди за 2.000 семејства кои добиваат топол оброк во народните кујни. Минатата година послуживме 53.000 оброци, а оние на кои им е потребна помош добиваат посебни картички со кои можат да пазарат во пет специјализирани супермаркети – додаде Тринча.

Во Рим е своевидна атракција и моментот кога се собираат паричките за среќа од славната фонтана.

@mordomo737 Monday. Fontana di Trevi money collection day. The money – about 15 percent of Caritas Rome’s annual budget – has gone to support soup kitchens, homeless shelters and other projects that help Rome’s poor communities. Good luck coins goes into Charity and it’s up to 4000 Euros a week. 💚🤍❤️ 🙏🙏🏽 #natureza #italy #italia #brasil #fonts #dinero #dinheiro #nature #incrivel #reels #relatable #fanpage ##barcelona #roma #summer ♬ som original – Mordomo737

Монетите од фонтаната се собираат така што прво се редат со голема четка, а потоа се вшмукуваат со помош на голема цевка. После тоа ги ставаат едно по едно во вреќи кои ги затвораат со рака и ги носат во магацин. Таму се мијат и се сортираат по вредност, по што се делат на оние на кои им се најпотребни.

Но, не се фрлаат само монети во фонтаната, протезите, чашите, па дури и канџите од јастог не се толку ретки. Но, покрај монетите најчесто се наоѓаат алки за раце, кои најверојатно се откопчуваат во моментот на фрлање  на паричките. Во Фонтана ди Треви  има не само евра, туку и монети од целиот свет кои се одвојуваат, за подоцна да се заменат за евра.

Доколку не сте знаеле, правилен начин да фрлите паричка во Фонтаната ди Треви е да стоите свртени со грб кон фонтаната, да ги затворите очите и со десната рака да ја фрлите паричката преку левото рамо. Можеби е симболичен гест кој секако е дел од легендата, но на овој начин денес им помагате на голем број луѓе.

Поврзани содржини